Language 
      
                                                                                                                                                                                     
                                                                                                                    ДОМА  |    ЗА НАС  |    ПРОДУКТИ  |    ТАРИФИ   |   ПОДДРШКА | КОНТАКТ



Соопштенија за медиуми>>

Средби со медиумите>>

Контакт:
тел: 023 122-474
kontakt@roamfree.com.mk

 

    ЗА РОАМФРИ

  Започнатата либерализација во телекомуникацискиот пазар во Македонија овозможи појава на конкуренција во одделни сегменти што пак донесе бенефит за граѓаните како во поглед на цените, така и во однос на квалитетот на услугите. Во мобилната телефонија имаме три мобилни оператори кои меѓусебно се натпреваруваат во добивање што повеќе корисници. Меѓутоа, овој натпревар досега главно се водеше во делот на цените и услугите во домашниот сообраќај.

   Појавата на Роамфри значи и појава на вистинска конкуренција и во делот на роамингот (разговори во странство). Роамфри е интернационална СИМ картичка за мобилна телефонија која овозможува драстично поевтини разговори од странство и може да се користи секогаш кога нејзиниот сопственик оди надвор од државата.
Со купување на Роамфри СИМ картичка се добива број со кредит во висина од пет евра кој потоа се надополнува со ваучери кои ги има во вредност од 10, 20, 50 или 100 евра.

  Со користењето на Роамфри СИМ картичката се добива можност за роаминг во 144 земји во светот. Притоа, кога корисникот ќе влезе во друга држава нема потреба да бира мрежа и да се двоуми на која да се приклучите (бидејќи цените на услугите на секоја се различни) и истовремено да не знае дали постои договор со истиот оператор. Со Роамфри се добива единствена цена која е пониска од оние на постојните мобилни оператори. Кај интернационалните разговори, пак, односно ако од една странска земја се бара број во друга земја која е во Роамфри зоната, цената е неменлива. Односно, дали од Србија барате некој кој е во Германија, Грција или Албанија, цената останува иста.

  Посебен бенефит од Роамфри СИМ картичката е што во над 60 земји дојдовните повици се бесплатни – во повеќето земји од Европската Унија, како и во најчестите патувачки дестинации. Односно, дојдовниот повик, за разлика од она што е пракса на мобилните оператори, паѓа на сметка на оној кој бара.               

® Роамфри 2007.     
Настани | Партнери  |  Вебмастер