
|
Бесплатна проверка на сметка
Секој корисник на Роамфри СИМ картичка има можност во секое време,
брзо и едноставно да проверува колку има уште пари на својата сметка.
А според тоа и да планира колку разговори може да оствари,
односно дали му е потребно дополнување на кредитот .
Проверувањето на сметката е едноставно. Корисникот, во зависност од тоа од
кој производител и со каков модел на телефон располага, треба само во менито
да го најде Роамфри операторот и потоа да ја избере опцијата – проверка на сметка.
За неколку секунди на дисплејот на телефонот ќе биде испишано колкав кредит има и
тоа искажано во евра. Или поинаку кажано, секој корисник на Роамфри СИМ картичка,
по секој остварен повик, со проверка на својата сметка може да утврди колку го
чинел разговорот и колку има уште пари за разговори.
И што е уште важно, за разлика од многу други оператори, оваа услуга е
бесплатна.
На бизнис корисниците Роамфри им излегува во пресрет и со можноста,
по поднесено барање, да им издаде и детална сметка за сите остварени
разговори од нивните Роамфри СИМ картички.
|
|
|
|
|